ДСУ „Св. Наум Охридски” (целосно име: Државно средно училиште „Св. Наум Охридски”) — средно училиште во Скопје, Општина Центар.
Основање и развој Училиштето официјално започна со работа во далечната 1966 година како Центар за професионална рехабилитација на инвалидизирани лица – Скопје. До 1970 година, наставата се одвивала во помошни монтажни бараки, но потоа е изграден постојниот објект со ученички дом и модерно опремени работилници. По оваа година, на стручно оспособување започнаа да се примаат и ученици со посебни образовни потреби.
Со промените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за средно образование, престанува да важи Правилникот за стручно оспособување на инвалиди по пат на професионална рехабилитација, поради што од учебната 1982/83 година Центарот е верифициран како училиште за стручно оспособување на ученици со посебни образовни потреби под називот Центар за рехабилитација и образование „Македонија” – Скопје.
Образовни профили Во училиштето има 6 достапни струки од кои : Графичка, Машинска, Текстилна, Електротехничка, Градежна и Угостителско-туристичка струка.
ГРАФИЧКА СТРУКА
Послужувач на графички машини Помошник книгоповрзувач - картонажер Помошник книгоповрзувач – Работно оспособување Помошник книгоповрзувач – картонажер (дисперзирана паралелка во Битола)
МАШИНСКА СТРУКА
Помошник бравар-лимар Помошник автомеханичар
ТЕКСТИЛНА СТРУКА
Помошник конфекционер
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
Помошник електромеханичар
ГРАДЕЖНА СТРУКА
Помошник молеро-лакер
УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА СТРУКА
Помошник готвач
Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште Познати личности кои предавале во ова училиште
Надворешни врски Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Наум Охридски Категорија:Појавено во 1966 година во Македонија Скопје