Октетот ― единица за дигитални информации во информатиката и телекомуникациите што се состои од осум бити. Терминот често се користи кога поимот бајт може да биде двосмислен, бидејќи бајтот историски се користи за складирање на различни големини.

Поимот октад(а) за осум бити повеќе не е вообичаен.

Дефиниција Меѓународниот стандард IEC 60027-2, поглавје 3.8.2, наведува дека бајтот е октет од бити. Сепак, единицата бајт историски зависела од платформата и претставувала различни големини на складирање во историјата на информатиката. Поради влијанието на неколкуте големи сметачки архитектури и линии на производи, бајтот во голема мера се поврзува со осум бити. Ова значење на бајтот е кодифицирано во такви стандарди како ISO/IEC 80000-13. Додека бајтот и октетот често се користат синонимно, оние што работат со одредени наследни системи внимаваат да избегнат двосмисленост.

Октетите може да се претстават со помош на бројни системи со различни основи како што се шеснаесетречен, десетичен или осмеречен броен систем. Бинарната вредност на сите осум бити поставени (или активирани) е 111111112, еднаква на шеснаесетречната вредност FF16, десетичната вредност 25510, и осмеречната вредност 3778. Еден октет може да се користи за да претставува десеторечни вредности кои се движат од 0 до 255.

Поимот октет (симбол: o) често се користи кога употребата на бајт може да биде двосмислена. Често се користи во публикациите „Барање за коментари“ на Работната група по интернет инженерство да се опишат големини на складирање на параметрите на мрежниот протокол. Најраниот пример е  од 1974 година. Во 2000 година, Боб Бемер тврдел дека претходно предложил употреба на терминот октет за „8-битни бајти“ кога бил на чело на софтверските операции за Cie. Bull во Франција во 1965 до 1966 година.

Во Франција, Француска Канада и Романија, октетот се користи на заеднички јазик наместо бајт кога се бара осум-битна смисла; на пример, мегабајт (MB) се нарекува мегаоктет (Mo).

Редоследот на октети со променлива должина, како во апстрактната синтаксна нотација (ASN.1), се нарекува низа октет.

Октада Историски гледано, во Западна Европа, поимот октада (или октад) бил користен за конкретно означување на осум бити, употреба што веќе не е вообичаена. Раните примери за употреба постојат во британските, холандските и германските извори од 1960-тите и 1970-тите години, и низ целата документација за главните сметачи на Philips. Слични поими се тријада за групирање од три бити и декада за десет бити.

Единици-множители Единици-множители на октетот може да се создаваат со SI-претставки и бинарни претставки (моќност од 2 претставки) како што е стандардизирано од Меѓународната електротехничка комисија во 1998 година. SI-претставки 1 килооктет (ko) = 103 октети =  октети 1 мегаоктет (Mo) = 106 октети = 1000 ko =  октети 1 гигаоктет (Go) = 109 октети = 1000 Mo =  октети 1 тераоктет (To) = 1012 октети = 1000 Go =  октети 1 петаоктет (Po) = 1015 октети = 1000 To =  октети 1 ексаоктет (Eo) = 1018 октети = 1000 Po =  октети 1 зетаоктет (Zo) = 1021 октети = 1000 Eo =  октети 1 јотаоктет (Yo) = 1024 октети = 1000 Zo =  октети Бинарни претставки 1 кибиоктет (Kio, напишано и како Ko, да се разликува од ko) = 210 октети =  октети 1 мебиоктет (Mio) = 220 октети = 1024 Kio =  октети 1 гибиоктет (Gio) = 230 октети = 1024 Mio =  октети 1 тебиоктет (Tio) = 240 октети = 1024 Gio =  октети 1 пебиоктет (Pio) = 250 октети = 1024 Tio =  октети 1 екбиоктет (Eio) = 260 октети = 1024 Pio =  октети 1 зебиоктет (Zio) = 270 октети = 1024 Eio =  октети 1 јобиоктет (Yio) = 280 октети = 1024 Zio =  октети

Употреба во адреси на интернет протокол Октетот се користи во претстави на сметачки мрежни адреси на интернет протокол. IPv4 адресата се состои од четири октети, обично засебно прикажани како низа десеторечни вредности кои се движат од 0 до 255, секоја одделена со краен стон (точка). Користејќи октети со сите осум бити, претставата на IPv4 адресата со најголем број е 255.255.255.255.

Адресата IPv6 се состои од шеснаесет октети, прикажани во шеснаесетречната претстава (два хексити по октет), користејќи знак на две точки (:) по секоја двојка октети (16 бити се познати и како хекстет) за читливост, како што е FE80: 0000: 0000 : 0000: 0123: 4567: 89AB: CDEF.

Поврзано

Кодирање со променлива ширина

Забелешки

Наводи

Категорија:Единици за информации