Лангеог (; ; буквално означува „долг остров“) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Балтрум (запад) и Шпикерог (исток).
Географија
мини|300п|лево|Воздушен поглед на островот од Балтрум
Местоположба
Лангеог припаѓа на Источнофризиските Острови пред брегот на Источна Фризија. Делови од островот и Ваденското Море околу островот влегуваат во рамки на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Соседни острови се, одвоени со морски гат („морски проток“) Оцумер Балје, Хулбалје и Шилбалје, Шпикерог на исток и Балтрум на запад, одвоен од Акумер Ее. Оддалеченоста од најјужниот 'рт на островот до копното е четири километри.
Површина
Лангеог има површина од околу 20 квадратни километри и околу 14 километри долги песочни плажи. Долж плажата има дини со височина до 20 метри. Меѓу Источнофризиските Острови, Лангеог е единствениот кој опстојува без заштитни структури на крајбрежјето.
Клима
На островот Лангеог владее морска клима со слаби зими и свежи лета. Просечната годишна температура изнесува 8,8 °C. Просечната месечна температура се движи од 1,1 °C во февруари до 16,4 °C во август. Просечно има околу седум дена со температури над 25-°C. Просечни наврнува 680 мм воден талог, при што август е највлажен месец. Најмалку врнежи има во март.
Заштита на островот
На морската страна на Лангеог се наоѓаат природни дини, кои служат како заштита на островот од силите на Северното Море. Дините се долги над 20 километри, почнувајќи на југозапад кај Флинтхерн и завршуваат на исток на островот кај Остерхок. Не постојат други заштитни градби. Во 2018 година, покраината Долна Саксонија преку својата агенција за управување со водата, крајбрежјето и природата ги зајакнала дините со уште 200.000 кубни метри песок.Pressemitteilung des NLWKN vom 30. Mai 2018 (Webseite des NLWKN), abgerufen am 14. Juni 2018.
Историја
Во 1717 година, Лангеог бил поделен на три дела од плимната бура што се случила на Божиќ.
Сообраќај
мини|300п|десно|Поглед од водокулата во Лангеог
До Лангеог може да се стигне преку пристаништето Бензерзил на копното со редовни фериботи. Фериботите на Лангеог не зависат од плимата, што е необично за Источнофризиските Остров.
Пристаништето и градот се поврзани со железнија, а Лангеог поседува и аеродром.
На Лангеог главно не се дозволени моторни возила. Посетителите на островот мораат да ги остават своите автомобили на копното. Само противпожарната бригада и амбулантните возила се стандардни моторни возила. Тракторите и тешките возила може да се управуваат со ограничувања. Полицајците и докторите се на велосипеди. Некои претпријатија имаат електрични возила. Истовремено, постои запрежно такси на коњи.
Туризам
Туризмот е главен извор на приходи за стопанството на Лангеог. Постојат соби за изнајмување во скоро секоја градба на островот, како и повеќе хотели, додека младинскиот хостел е неколку километри надвор од градот.
Незагадениот воздух на островот го прави омилен за луѓето што имаат респираторни проблеми.
Знаменитости Водокула Камбанарија на католичката црква Камбанарија на протестантската црква Мелкхерндине (Melkhörndüne), некогаш највисока природна точка во Источна Фризија, која поради илјадниците посетители секоја година загубила дел од песокот и повеќе не е највисока точка. Кула за набљудување
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Ферибот Лангеог
Категорија:Витмунд (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија Категорија:Острови во Долна Саксонија Категорија:Источнофризиски Острови Категорија:Приморски одморалишта во Германија Категорија:Населени места во Источна Фризија