Митруш Стојанов Радевски ( во — во Дисиновци) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Израснал во крајно сиромашно, земјоделско и аргатско семејство. Маалото Врбица се наоѓа на планински терен и сточарството им било единствен приход за опстанок. Во селото немало училиште, а поради оддалеченоста од градот, тој немал можност да се образува, но тоа не било причина самостојно да не се описмени, бидејќи бил природно интелигентен и напреден младинец. За сето време како дете, а ѝ повозрасен се занимавал со одгледување добиток. Во Народноослободителната војска, тој стапил веднаш по конечното ослободување на Кратово (6 септември 1944 година), прво како борец во Месната команда во Кратово, а подоцна бил вклучен во Седумнаесеттатa македонска бригада. Како борец во редовите на Бригадата земал учество во борбите до конечното ослободување на Македонија. Загинал во борба против балистите, крај селото Дисиновци, во околината на Гнилане, на 30 декември 1944 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Железница (село) Категорија:Починати во Косово Категорија:Учесници во НОБ