Јордан Димитриев Славковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис Израснал во семејство кое се занимавало со земјоделие и сточарство. Во родното место завршил основно четиригодишно училиште, но немал можност за понатамошно образование. Поголемиот дел од животот го поминал како овчар, ценуван во поимотните селски семејства. Важел за многу мирен и скромен младинец, а подоцна станал ѝ трудољубив земјоделец. На 9 септември 1944 година, со група младинци од своето село пристапил во редовите на Народноослободителната војска на Македонија, во состав на Треттатa македонска ударна бригада. Учествувал во многу борби што биле водени кај реката Треска. Бил пофален за успешно извршување на задачите во овие битки. Подоцна со Бригадата земал учество во борбите на Сремскиот фронт. Во близината на Шид, на 12 април 1945 година, загинал од непријателски митралезски истрел.
Поврзано
Ратко Славковски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ