Нерсов Проток (; ; ) — водна површина помеѓу островот канадскиот остров Елсмир и Гренланд која го поврзува северниот дел на Бафиновиот Залив во Атлантскиот Океан со Линколновото Море во Северноледениот Океан. Од југ кон север, протокот ги опфаќа помалите водни површини Смитов Проток, Кејнов Басен, Кенедиев Проток, Холов Басен и Робсонов Проток. Долг е 530 км и има најголема длабочина од 600 м. Низ протокот од север речиси постојано тече Бофортовата струја, што го отежнува неговото преминување од југ.

Името на протокот е усвоено во 1964 г. со спогодба меѓу данската и канадската влада. Наречен е по британскиот поморски офицер и истражувач Џорџ Нерс (1831 - 1915). Низ него минува државната граница меѓу Данска (т.е. Гренланд како нејзин посед) и Канада.

Протокот и околните води се необично опасни по пловидбата. Преку целата година има санти и пловечки мраз; особено забележителен случај е ледениот остров со димензии од 20 на 10 км кој во 1962–1964 г. пропатувал од Линколновото Море низ Нерсовиот и Дејвисов Проток и прешол во Лабрадорското Море.. Во август протокот е пловен за мразокршачи. Пред 1948 г. само пет брода успешно стасале северно од Кејновиот Басен. Во 2009 г. бродот „Арктик санрајз“ прв во историјата извршил пловидба до Атлантикот во јуни.

Малиот Хансовиот Остров е предмет на несогласување бидејќи на него полагаат право и Данска (како дел од Гренланд) и Канада. Други острови во протокот се Џо, Крозиер и многу поголемиот Френклинов Остров.

Историја Праескимскиот народ од тулската култура стасал до Нерсовиот Проток на почетокот од XIII век, каде ловеле и тргувале со Викинзите.Inuit-Norse contact in the Smith Sound region/Schledermann, P. McCullough, K.M. Археолошки наоди од тулската култура и присуството на Викинзите има на островот Руин.

Наводи

Надворешни врски Исчезнатите „Ледени лакови“ придонеле кон загубата на арктички мраз во 2007 г. — НАСА Набљудувања на океанската струја од Нерсовиот Проток до западен Грнеланд (2008)

Категорија:Протоци во Гренланд Категорија:Протоци во Канада Категорија:Бафинов Залив Категорија:Гренландско-канадска граница Категорија:Меѓународни протоци