Демитар Дука Кавасила (; жив. 1347–87) ― висок римски службеник и големец од втората половина на 14 век.

Тој бил поддржувач на Јован VI Кантакузин за време на римската граѓанската војна од 1341-1347, и бил принуден да побегне од Солун во 1342 година, кога радикалната партија на зилотите ја презела власта во градот. Тој бил фатен и затворен од противниците на Кантакузин, но по победата на Кантакузинистите во 1347 година, бил ослободен и награден со обемни земјишта во Каламарија, близу Солун, и титула голем папија (евнух). Неговото точно потекло, а особено причината за неговата употреба на презимето „Дука“, се нејасни; неговиот татко најверојатно се викал Ѓорѓи Кавасила. Во документите што ја потврдуваат неговата кариера, се чини дека Димитар бил поврзан со војската. Тој бил унапреден во голем архон во 1369 година, и му се обратил Димитар Кидон во писмо дури во 1386/7 година.

Се оженил со Ана Ласкарина и имал најмалку два сина, од кои едниот бил земјопоседникот Мануил Кавасила.

Наводи

Извори

Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Византијци од 14 век