Мише Ќиров Андрески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од сиромашно земјоделско семејство. Се занимавал со земјоделие, бидејќи не се школувал. Како младинец бил симпатизер на ослободителното движење, а потоа доброволно се приклучил во НОВ на Македонија во пролетта 1944 година и бил распореден во единиците на Првата македонска бригада. Со борците од Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Кичево и другите градови, а потоа во состав на Четириесет и осмата дивизија заминал на Сремскиот фронт, каде што загинал во април 1945 година кај месноста Шид.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Луѓе од Белица (Кичевско) Категорија:Учесници во НОБ