Столот — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци.
Претставува населба од бронзено време, железно време и хеленистичко време.
На 1,5 км јужно од селото, на левиот брег на Вардар, на околу 150 м на левата страна од патот Уланци-Џидимирци се издига доминантен рид. На врвот има зарамнето плато, со димензии 80 × 25 м, на кое се забележуваат остатоци од фортификација и површинска керамика. Во 1994 година се извршени контролни ископувања на простор од 100 м 2 во северозападниот дел на платото. Откриени се остатоци од архитектура (голем објект со повеќе простории) и два праисториски слоја со материјал што одговара на материјалот од некрополата Димов Гроб, оддалечена 200 м северно.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 87, ISBN 9789989101069
Поврзано Грамади — населба од римското време; Димов Гроб — некропола од железното време; Србиново — населба и некропола од доцноантичкото време; Столот — населба од преминот од бронзеното во железното време и од хеленистичкото време; Страната — населба - викус од доцноантичкото време; Топот — утврдена населба - опидум од римското време; Уланци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Уланци