Габер — археолошко наоѓалиште во велешкото село Грнчиште, Општина Градско.
Претставува населба од доцноантичко време.
Северно од селото, во нивата на С. Витанов се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, а пронајдена е и бронзена монета на царот Констанциј. Монетата се чува во нумизматичката збирка во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 75, ISBN 9789989101069
Поврзано Лака — блиско наоѓалиште, населба од бронзено и римско време Висок Камен — населба од римско време Габер — населба од доцноантичко време Градиште — градиште од доцноантичко време Грамаѓе — населба од римско време Шупле — населба од доцноантичко време Список на археолошки наоѓалишта во Велешко
Наводи