Првенството Вимблдон, или многу попознат само како Вимблдон — најстариот голем турнир во тенис и е општо признат и како најпрестижен во белиот спорт .
Се одржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули во период од две седмици (обично завршува, најдоцна, на втората недела во јули) на тениските терени на Ол Ингланд Клубот (All England Lawn Tennis and Croquet Club) во Лондон, Англија. Турнирот е третиот Гренд Слем настан по ред, веднаш по Австралијан Опен и Ролан Гарос, а пред ЈуЕс Опен. Често, како резултат на честите врнежи, самиот настан се оддолжува.
Симултано се одржуваат неколку турнири, сите за време на истиот период, и тоа во поединечна конкуренција кај мажите, поединечна конкуренција кај мажите, во двојки кај мажите и жените, како и во мешани двојки. Младинските турнири – поединечна конкуренција за момчиња, поединечна конкуренција за девојки, двојки за момчиња и двојки за девојки – исто така се одржуваат. Покрај тоа, Вимблдон е познат и по своите специјални турнирски типови: двојки за мажи над 35 години, двојки за мажи над 45 години, двојки за жени над 35 години и двојки за лица во инвалидска количка.
Галерија
Белешки
Надворешни врски Официјална страна 3D карта на земјиштето од 2007 година Вимблдон центар - неофицијална страна Вимблдон билети - неофицијална страна Сателитска слика на околината (Google Maps) BBC Five Live за Вимблдон
Категорија:Мертон