десно|мини|Показалец Показалец — вториот прст на раката кој се наоѓа помеѓу палецот и средниот прст. Тој е пократок од средниот прст, а може да биде подолг или пократок од домалиот прст, овој однос варира од личност до личност. лево|мини|160x160пкс|Платон, детаљ од сликата „Атинска школа“ Показалецот обично се насочува (вперува) кон саканиот предмет или личност. Во некои култури, показалецот се користи како број 1 при броење на прстите. Показалецот свртен нагоре означува авторитет, и во таа смисла Платон го користи на сликата од Рафаел „Атинската школа“.

Наводи

Категорија:Прсти на раката