Општина Мирен-Костањеица (, ) — општина во западна Словенија, на границата со Италија. Сместена е во Горичкиот регион на областа Приморска и во 2020 г. броела 4.977 жители. Седиште на општината е паланката Мирен, сместена во западниот дел на Випавската Долина.Miren-Kostanjevica municipal site Друго поголемо место е селото Костањевица на Крас.

Историски, ова место е поврзано со соседното место Соводње на Соча (итал. Савоња д’Изонцо), кое останало во Италија со Парискиот мировен договор од февруари 1947 г. Од втората половина на XIX век Мирен е центар на трговијата и лесната индустрија, тесно поврзан со градските подрачја на Горица (Гориција) и Тржич (Монфалконе). Од друга страна, Костањевица на Крас е средиште на поголемо слабонаселено селско подрачје на високата висорамнина Крас. Со реформата од 1994 г. овие две подрачја се здружиле во една општина. Од 1947 г. двете места гравитираат кон конурбацијата Нова Горица-Шемпетер, каде мештаните често доаѓаат.

Кај Мирен има граничен премин кон Италија.

Населени места Покрај општинското седиште Мирен, општината ги опфаќа и следните населени места:

Биље Војшчица Врточе Корита на Крас Костањевица на Крас Липа Локвица Нова Вас Новело Опатје Село Ореховље Села на Крас Темница Худи Лог

Познати личности Драго Марушич (1884 - 1964) — политичар, бан на Дравската бановина (1931-34) Станко Вук (1912 - 1944) — поет и антифашистички деец Игор Торкар (1913 - 2004) — писател и политички деец Оскар Когој (р. 1942) — индустриски дизајнер Негован Немец (1947 - 1987) — вајар Деан Комел (р. 1960) — филозоф

Наводи

Надворешни врски

Портал на Општина Мирен-Костањевица Општина Мирен-Костањевица на Геопедија

Мирен-Костањевица Мирен-Костањевица Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година