Куќа на Славко Брезоски, позната и како Куќа на Славко и Велимир Брезоски ― куќа во сопственост на галичкото семејство Брезоски која е заведена како културно наследство на Македонија.
Познати лица кои живееле во куќата Славко Брезоски (1922-2017) ― архитект, сликар и предавач, партизан за време на Народноослободителна борба. Тој е главно познат по Црквата „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Негови други дела се Комуналната банка во Скопје, Работничкиот дом во Скопје, Стоковната куќа во Скопје, хотелот „Неда“ во Галичник, хотелот „Славија“ во Попова Шапка, Спомен куќата Шамарица во Хрватска, Амбасадата на СФРЈ во Бразилија. Тој бил член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија и Комунистичката партија на Југославија. Велимир Брезоски (1924-1983) ― историчар, автор на стотици документи, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Тој е најмногу познат како долгогодишен шеф во Документациското одделение при Институтот за национална историја. Тој бил месен активист во Галичник во средината на 20 век.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Управа за заштита на културното наследство Управа за заштита на културното наследство (архивирана страница)
Категорија:Галичник Категорија:Појавено во 1900 година во Македонија Категорија:Појавено во 1900 година во Отоманското Царство