Холоценската епоха е геолошки период што започнува приближно 11.550 календарски години пред денешно време, односно околу 9600 п.н.е.) и истата продолжува до денес. Холоценот е дел од неогените и квартерни периоди и доаѓа по плеистоценската епоха. Неговото име доаѓа од грчките зборови (холос, сосема или потполно) и (каинос, ново), со комбинирано значење „сосема блиско, ново“.
Холоценот уште го носи и името „алувиумска епоха“, но ова име е веќе подзаборавено.
Во 2018 година Меѓународната унија на геолошки науки ја подели холоценската епоха на три времиња: гренландско (пред 11.700 до пред 8.200 година), северногрипско (од пред 8.200 до 4.200 години) и мегалајско време (од пред 4.200 години до денес).
Поврзано Антропоцен
Надворешни врски Скоро изумрени животни Настанот 8.2 ka Разоткривање на промените во халоценот со термохалинска циркулација
Категорија:Геолошка скала Категорија:Праисторија Категорија:Периоди во археологијата Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ