Провен (француски: Provins) ― комуна (општина) во департманот Сена и Марна во регионот Ил де Франс во северосредишна Франција.

Провен, гратче на средновековни саеми, станало светско наследство на УНЕСКО во 2001 година.

Администрација Со 11.844 жители (2017), Провен не е најголемата паланка во округот Провен, но е седиштето (потпрефектура). Најголемиот град е Монтеро-Фолт-Јон (20,206 жители).Téléchargement du fichier d'ensemble des populations légales en 2017, INSEE

Округот има 176 општини и 188.637 жители (2017). Кантонот Провен има 81 општина и 57.947 жители.

Историја Постојат знаци на човечка окупација во областа уште во времето на старото камено време.

Римско време Прове бил на крстопат на два големи регионални коридори во Римска Галија: еден од Соасон до Троје и еден кон Санс на југ.

Средновековно време Како доказ за зголемената важност, до 9 век, Провен ковал своја монета, провенски дениер (denier provinois), а Карло Велики ги испратил своите missi dominici (дворски инспектори) во градот. Под заштита на грофовите од Шампањ, бил домаќин на еден од најголемите шампањски панаѓури, земјоделски и трговски панаѓур клучен за средновековната економија. Кралот Филип IV го посетил Провен неколку пати кон крајот на 13 век, уништувајќи го градот со строги даноци што го завршиле неговиот период на процут и ги натерал жителите да побегнат. Градот бил опколен многу пати и често била менуван во 14-16 век.

Во еден од најпознатите настани во провенската историја, неодамна крунисаниот крал Шарл VII присуствувал на мисата во црквата „Св. Киријак“, заедно со неговиот кралски двор и светицата Јованка Орлеанка на 3 август 1429.

Современо време Германците го зазеле градот во 1870 година за време на Француско-пруската војна, и едвај се избориле во 1914 година за време на Првата светска војна.

Знаменитости мини|Градските ѕидини и кули. мини|Црквата „Св. Киријак“.

Значајни луѓе Провен е родно место на:

Мари Жил Сезар Савињи (1777-1851), зоолог Едмонд Нокард (1850-1903), ветеринар и микробиолог Морис Хајо (1862-1945), виолинист Доминик А (роден 1968 година), текстописец и пејач Давид Монкутие (роден 1975 година), пензиониран друмски велосипедист

Провинс е родното живеалиште на:

Кристијан Жакоб (роден 1959 година), земјоделец и политичар

Градови близнаци Провен е збратимен со:

Бендорф, Германија Пингјао, НР Кина

Наводи

Надворешни врски

Мрежна страница на градскиот совет (на француски) Шампањ и Бри во средновековната историја на Навара provins.net (на француски) provins.org (на англиски) provins-medieval.com (на француски) Фотографии од Прове (на англиски) 1999 Користење на земјиште, од IAURIF (Институт за урбанистичко планирање и развој на регионот Париз-Ил де Франс) (на англиски) Амелер Дубоа и соработници, архитекти на полициската станица Провен (на француски) Категорија:Потпрефектури во Франција Категорија:Светско наследство во Франција Категорија:Општини во Сена и Марна Категорија:Координати на Википодатоците