Општина Жировница () — општина во западна Словенија. Седиште на општината е селото Брезница. Областа е дел од историскиот регион Горењска. Денес е дел од Горењскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 4.394 жители.
Населени места Покрај општинското седиште Брезница, општината ги опфаќа и следните населени места:
Брег Врба Дословче Жировница Забрезница Мосте Родине Село кај Жировница Смокуч
Географија Подрачјето се наоѓа на јужните падини на венецот Караванки, долж границата со Австрија. Општината се граничи со општините Општина Јесенице на запад, Општина Блед и Општина Радовљица на југ и Општина Тржич на исток. Преку планините на север се граничи со австрискиот округ Клагенфурт-Околина (Целовец-Дежела).
Историја Во долината на реката Завршница зад гребенот Ребер кој се идига над селата во 1914 г е изградена првата хидроелектрана во Словенија. Во 1952 г. кај Мосте е отворена втората хидроелектрана со 60-метарска брана во клисурата Кавчке. Таа била првата електрана на реката Сава.
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Жировница Општина Жировница на Геопедија
Жировница Жировница Категорија:Држави и територии настанати во 1998 година