мини|десно|250п|Поглед на алпите. мини|десно|250п|Алпите гледани од австриска Корушка

Камничко-савињски Алпи () — планински венец на Јужните Варовнички Алпи. Се протегаат во северна Словенија, а најсеверниот дел е во Австрија.

Западниот дел на венецот е наречен Камнички Алпи () во 1778 г. од научниците Балтазар Аке и Франц Ксавер фон Вулфен, по градот Камник (Stein) во долината на Камнишка Бистрица. Источниот дел е наречен Савињски Алпи (Sanntaler Alpen) или Солчавски Алпи (Sulzbacher Alpen) од планинарот Јоханес Фришауф во 1875 г. по селото Солчава (Sulzbach) и реката Савиња (Sann).

Географија Алпите се смстени јужно од венецот Караванки, на словенечко-австриската граница, протегајќи се од реката Сава на запад до реката Савиња на исток, каде се наоѓаат соседните Словенечки Предалпи со венецот Похорје, Цељското Ридје кај реката Дравиња и Савското Ридје. На северозапад, е долината на потокот Бела која води до Бад Фелах (Бела), и ова е најјужна точка на Австрија.

Главниот венец во целост е во Словенија. Во минатото ја образувал границата помеѓу внатрешноавстриските војводства Корушка, Штаерска и Крањска. Тромеѓата се наоѓала на планината Корушка Ринка.

Под планината Скута има и мал ледник, кој е најисточниот ледник на Јужните Алпи.

Врвови Највисоки врвови се: Гринтовец (2.558 м) Кочна (2.540 м) Скута (2.532 м) Ојстрица (2.350 м) Сторжич (2.132 м) Плањава (2.394 м) Брана (2.253 м) Корушка Ринка (2.433 м) Мрзла Гора (2.203 м) Крофичка (2.083 м) Калшки Гребен (2.224 м)

Камничко-савињските Алпи имаат 28 врвови повисоки од 2.000 м. Во словенечкиот дел зфаќаат вкупна површина од . Три четвртини од планинските предели се прекриени со шуми, а повисоките врвови се голи и карпести.

Најважни превои се Језерско Седло (Зебергзател) помеѓу австриска Корушка и Општина Језерско во Словенија, како и Павличево Седло. На словенечката страна има скијалиште, а во Долината на Бела има лековита бања.

Поврзано Список на планини во Словенија Список на планини во Австрија

Наводи

Надворешни врски

Камничко-савињски Алпи на Hiking Trail

Категорија:Јужни Варовнички Алпи Категорија:Планински венци на Алпите Категорија:Планински венци во Словенија Категорија:Планински венци во Австрија Категорија:Географија на Корушка