Петре Костев Илиоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Чешма со спомен-плоча од НОБ во селото Белица, Кичевско. Петре е запишан како Петруш К. Илиески.

Животопис Бидејки немал услови да го продолжи школувањето, по завршувањето на основното училиште бил принуден да оди на печалба во Шабац каде работел како угостителски работник. По окупацијата се вратил во своето родно село и како напреден младинец доброволно им се приклучил на редовите на народно ослободителната војска на Македонија во пролетта 1944 година. Учествувал ѝ во повеќе борби за конечното ослободување на Западна Македонија, а со единиците на Петнаесеттиот корпус учествувал на Сремскиот фронт, каде загинал при една борба со Германците во мај 1945 година кај месноста Седларево.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ