Зоро: Meчот и розата () — американска/колумбиска теленовела заснована на творбата на Џонстон МекКалеј. Теленовелата е снимана оваа година во Колумбија, во продукција на Teлемундо и Сони Продукција. Оваа теленовела имаше голем успех во САД како и во соседните земји во Јужна Америка. Во деловите на Европа оваа теленовела моментално ги освојува гледачите. Насловната нумера ја исполлнуваат познатата американска пејачка Бијонсе Ноулс и мексиканскиот пејач Алехандро Фернандес.
Синопсис Есмералда е нежна и млада девојка, која секој ден се бори против злобата која и ја нанесува нејзиниот татко Фернандо Санчес Монкада, гувернер на Лос Анџелес. Кога дознава дека нејзиниот татко ја посвоил и ја земал од рацете на нејзината вистинска мајка, која дал да ја затворат за да го задржи детето, нејзиниот живот драстично се менува. Сега ја разбира злобата на нејзиниот татко и зошто нејзината сестра Марија Анхела не ја почитува. Мисијата на Есмералда продолжува за да ја пронајде нејзината мајка, и да ја извлече од затвор. За достигнувањето на таа цел, нејзе ќе и помогне Зоро, во кој се вљубува со целото срце. Но, таа љубов има и препреки, бидејќи и нејзиниот татко се обидува да ја најде Есмералда за да је венча со стар маж. Освен тоа, Есмералда го краде срцето и на Диего де ла Вега, кој е добар маж и ја сака со целото срце. Ноќта, Есмералда му се предава на Зоро, а дента на Диего, иако не може да сфати како Диего и Зоро се иста личност. Набргу во животот на Есмералда се појавува и циганот Ренцо. Тој се бори за ослободувањето на своето племе од шпанските власти. Станува нејзин пријател кој е заљубен во неа.
Улоги Глумци ЛиковиКристијан Меиер Диего де ла Вега / ЗороМарлен Фавела Есмералда Санчес де МонкадаАртуро Пениче Фернандо Санчес де МонкадаОсвалдо Риос Дон Алехандро де ла ВегаХорхе Као Отец Томас ВиљартеЕрик Елиас РенцоНаташа Клаус Сестра Ана Камила Суплициос
Зоро на Балканот Бугарија: бТВ Македонија: Сител Телевизија Босна и Херцеговина: Пинк БХ Србија: РТВ Пинк Црна Гора: Пинк М
Надворешни врски Официјална Веб Страна Англиска Википедија
Категорија:Колумбиски телевизиски серии Категорија:Теленовели Категорија:Телемундо