Основен суд Кочани — суд со основна надлежност сместен во градот Кочани и го опфаќа подрачјето на општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во: Кочани, Берово, Виница и Делчево.

Судот во Кочани ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Кочани одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

Основниот суд во Кочани, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Внатрешна организација

Основниот суд во Кочани е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение. Судот првично започнал да работи во зградата на ул. „Ристо Николов Ристов“ (Циганчето), која и денес постои до градскиот пазар. Во 1964 година е пуштена во употреба новата судска зграда, во која и денес се наоѓа судот.

Претседатели на судот

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Кочани биле следниве:

Коце Димитров Андреја Весов Марко Велков Божидар Магдевски Симеон Двојаков Јане Велинјски Глигор Едровски Раде Филипов Зоран Трајанов Никола Михаилов Зоран Трајанов Никола Михаилов Дарко Ристов

Галерија

Поврзано Основни судови со основна надлежност во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Судови во Македонија Категорија:Згради и градби во Кочани