Рождество на Пресвета Богородица или само Пресвета Богородица () — православна пештерна црква на островот Мал Град во Преспанското Езеро.Kisha e Shën Mërisë, Maligrad . www.mtkrs.gov.al. Островот се наоѓа во македонската област Мала Преспа, во состав на Општина Пустец. Денес ѝ припаѓа на Горичката митрополија и прогласена е за споменик на културата на Албанија.
Црквата е посветена на Рождеството на Богородица и низ вековите претрпела доста промени, за што сведочат трите зачувани натписи. Најстариот, сместен во апсидата, е од 1345 г. На него се запишани првите ктитори на храмот — Бојко и сопругата Евдокија. Вториот е од 1369 г. и се наоѓа северно од внатрешноста на западната врата, над ликовите на Св. Константин и Елена. На него се зборува за обновувачите на црквата — благодорникот Кесар Новак, сопругата Калија, синот Амирал и ќерката Марија.Dr Vlad. R. Petković, Stari srpski spomenici u Južnoj Srbiji: "Na PRESPI kesar Novak podiže 1369. god. crkvu Bogorodici (na ostrvu Mali Grad)." Третиот натпис е од 1607 г. когато надворешната фасада е одново насликана со композицијата „Страшниот суд“.
Во црквата има фрески и грчки натписи од 1369 г. Има фрески на семејството на Новак и Калија.Ivan M. Đorđević, Zidno slikarstvo srpske vlastele u doba Nemanjica. OCLC 34957313, sl. 84 i 85
Зографите на црквата се припадници на Костурската ликовна школа од втората половина на XIV век. Нивни дела се живописите на црквата „Св. Атанасиј Музачки“ во Костур и „Исус Христос Животодавец“ во с. Борје кај Горица.
Наводи
Надворешни врски Пештерска црква „Св.Богородица“, остров Мал Град, Мала Преспа — напис македонското друштво „Илинден“ од Тирана (со фотографии од внатрешноста)
Категорија:Пустец Рождество на Пресвета Богородица Рождество на Пресвета Богородица Категорија:Споменици на културата во Албанија Рождество на Пресвета Богородица