Населица (, Анаселица, , Наслич) — историско-географска област во Егејска Македонија. Крајот се нарекува и Населичко или Лапчишко. Своевремено подрачјето ја сочинувало управната единица Населичка Каза.
Областа ги опфаќа селата во денешната општина Горуша, во источното подножје на разгранокот на истоимената планина Горуша и селата во западното подножје на планината Сињак. На север се граничи со Костурско (по реката Беливод), на југ со Гребенско, а на исток со Кожанско. Низ областа тече реката Бистрица. Главен град на областа традиционално е Лапчишта (денес Неаполи), кој во османлиско време понекогаш се нарекувал и Населица.
Историја Оваа област во минатото била населена исклучиво со Македонци, за што сведочи османлискиот историчар Ќатип Челебија (Хаџи Калфа) во неговото дело „Румелија и Босна“ од XVII век„Румелија и Босна“ од Хаџи Калфа на германски во превод на Јозеф фон Хамер, како и македонските имиња на речиси сите населени места во областа пред нивното присилно преименување во 1920-тите.
На почетокот на ΧΧ век, со исклучок на неколку македонски села, главнината од населението во областа се состоела од Грци христијани и гркојазични муслимани наречени Валахади.
Наводи
Надворешни врски Попис на населените места на Населичката Каза од „Македонија. Етнографија и статистика“ на Васил К’нчов, 1900 г. Стара карта на Населица со нејзините граници
Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина)