Флацата () — планина во Костурско, Егејска Македонија. Висока е 1.081 м.

Опис Планината е сместена во северозападниот дел на Костурско, во планинското подрачје на запад-северозапад од с. Света Недела и с, Ошени, недалеку од границата со Албанија (пирамиди 35 – 36). Крај планината тече Костенечка Река. Ова е јужниот крај на планинскиот масив Буче (Малимади), со кој се сврзува кај билото Дервено (950 м). На југ доаѓа до Четирска Река, притока на Бистрица, чија долина ја двои од Алевица (Гал’мбица).

Сочинета е од конгломератни карпи и песочници. До врвот се стасува за 1 час од с. Крчишта.

Во јужниот дел на врвот Флацата е изградена црквата „Св. Марина“.

Врвови Ова се врвовите на Флацата, подредени по висина: Име Грчки Висина(м) Местоположба Флацата Φλατσάτα 1.081 североисточно над Крчишта Свети Јован Άγιος Ιωάννης 1.017 блиску до албанската граница, северозападно над Крчишта Гочово Γκοτσόβο, Άγιος Γεώργιος 1.002 северозападно над Крчишта Восковец Βοσκοβέτσι, Γκαμήλα 996 северно над Крчишта Дијамандула Διαμαντούλα 960 северозападно над Крчишта Света Петка Αγία Παρασκευή 941 југоисточно над Крчишта и северозападно над Ошени

Поврзано Буче Костурско

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Д’мбенска Планина Категорија:Костур (општина)