Евангелско-протестантска иницијатива (ЕПИ) — неформална, необврзувачка иницијатива на евангелско-протестантските црквите во Македонија кои се здружуваат за одредени потреби, по сопствено наоѓање.
Историјат Евангелско-протестантска иницијатива е претставничко тело на евангелско-протестантските цркви во Македонија, односно на евангелско-протестантските христијани.
Евангелско-протестантска иницијатива настанала во 2011 година, во подготовките за пописот. За подобро претставување на евангелско-протестантските верници во Македонија, поголемиот дел од црквите се согласија и го повикаа своето членство на пописот да се декларираат како евангелско-протестантски христијани. Оваа иницијатива била наречена Евангелско-протестантска иницијатива (ЕПИ), како неформална, необврзувачка иницијатива во којашто црквите се здружуваат за одредени потреби, по сопствено наоѓање. Ваквиот начин на делување се покажа соодветен за македонски услови, и ЕПИ се јави како организатор на уште неколку настани.
ЕПИ има за цел да ги обедини евангелско-протестантските цркви (ЕПЦ) за теми и проекти што се од заеднички христијански и евангелски интерес, да ја засили веќе постоечката соработка помеѓу ЕПЦ и да даде импулс за соработка по повеќе важни прашања. Една од главните причини бил фактот што наместо вообичаената формулација „евангелско-протестантски цркви“, во Уставот, наспроти советувањата коишто тогашните уставотворци ги имале со останатите ЕПЦ, поименично била спомната само евангелско-методистичката црква.
Првиот состанок на Евангелско-протестантската иницијатива бил одржан на 14 септември 2011 година, во просториите на ЕЦ Скопје. На состанокот бил донесен едногласен заклучок за заедничко и воедначено учество на престојниот попис, но и за други теми од интерес на ЕПЦ.
ЕПИ организирал настани како одбележување 500 години на реформацијата во месеците септември и октомври 2017 година. Истотака било организирано обележувањето на Денот на реформацијата во 2019 година.
На пописот 2021 поголемиот дел од евангелско-протестантските верници во Македонија, се декларираа како евангелско-протестантски христијани.
Членки Во ЕПИ, денес учествуваат следните евангелско-протестантски цркви: Евангелско-конгрешанската црква; Евангелско-протестантска црква „Гласност“; Евангелска црква во Република Македонија; Слободна евангелска црква „Добра вест“; Христијанска баптистичка црква „Радосна вест“; Христијански центар во Република Македонија; Христијански центар „Тринитас“; Христијанска црква „Божји Глас“; Христијанска црква „Оаза“; Христијанска црква „Слово на надеж“;
Поврзано Баптистичка црква во Македонија Протестантството во Македонија
Наводи
Надворешни врски ЕПИ на Facebook
Категорија:Протестантски цркви во Македонија