Движење Бојкотирам или уште познато како Дркотирам е неформално здружение и збир на индивидуи со различни гледишта сплотени околу заедничка цел, враќање на политичките компоненти во Македонија на статусот пред 27.04.2017-та кога криминално и под закана на домашни и странски политички мешетари беше донесена на власт неизбрана гарнитура на политичари преку криминално гласање за Талат Џафери без потребното мнозинство во собранието на Р.М.. Движење Бојкотирам влече корени од иницијативите за бојкот на референдумот за промена на името на Република Македонија во 2018-та година а е формирано и прв пат се појавува во јавноста на 8-ми Септември 2019-та година.
Организацијата јасно и транспарентно се стреми кон три цели, поништување на Преспанскиот договор, договорот за добрососедство со Република Бугарија и Тиранската платформа. кои цели се јасно наведени и на нивните симболи и во секојдневната комуникација и настапи Движење Бојкотирам | Facebook
Активности
Од своето формирање до денес, Движење Бојкотирам дејствува преку интернет активизам, водејќи број на сопствени страници на поголемите социјални платформи, своја веб страна со статии и интернет стрим кој емитува неколку пати преку неделата на YouTube и други платформи, но секоја прилика за мешање со истомислениците како и неистомислениците на разни трибини, средби со населението како и организирани промотивни настапи и перформанси - ја користат максимално, заради тоа што пристапот кон мејнстрим медиумите им е ограничен или никаков.
Прво официјлно учество на македонската политичка сцена членовите на организацијата ќе имаат на локалните избори во 2021-ва година, во коалиција со партијата ТМРО.
Наводи