„Гори, моја госпоѓице!“ (чешки: Hoří, má panenko) — чешки филм од 1967 година, во режија на Милош Форман (Miloš Forman), кој е автор и на сценариото, заедно со Иван Пасер (Ivan Passer) и Јарослав Папоушек (Jaroslav Papoušek). Главните улоги ги играат: Јозеф Шебанек (Josef Šebánek), Јан Вострчил (Jan Vostrčil), Јозеф Валноха (Josef Valnoha), Франтишек Дебелка (František Debelka), Јозеф Колб (Josef Kolb), Милада Јежкова (Milada Ježková), Јозеф Куталек (Josef Kutálek), Станислав Холубец (Stanislav Holubec), Франтишек Паска (František Paska) итн. Ова е последниот филм на Форман снимен пред неговото заминување во Холивуд.HRT, Gori, moja gospođice!, čehoslovački film - Rani Forman (пристапено на 20.9.2021)
Синопсис Во едно провинциско место се подготвува прослава на пожарникарите на која треба да му се додели награда на почесниот претседател на друштвото. Прославата започнува, а членовите на друштвото имаат големи проблеми за да пронајдат девојки кои би учествувале на изборот на кралица на убавината. Кога најпосле успеваат да соберат неколку девојки, непосредно пред да започне изборот, девојките од срам се кријат во женскиот тоалет. Тогаш, во непосредна близина на ресторанот избива пожар и пожарникарите веднаш заминуваат да го гасат пожарот, а сите гости на забавата ја набљудуваат акцијата. Потоа, во знак на солидарност со сопственикот на изгорената куќа, присутните на забавата решаваат да му ги дадат своите ливчиња за томболата, со цел наградите да му припаднат нему. Меѓутоа, сите предвидени награди на томболата се украдени. Членовите на пожарникарското друштво ги замолуваат гостите да ги вратат украдените награди, а тогаш се открива дека меѓу крадците е еден член на друштвото. Тој се онесвестува, а додека неговите коелги се договараат како да го решат проблемот, сите гости си заминуваат. Така, во салата остануваат само пожарникарите и почесниот претседател. Сепак, тие му ја доделуваат наградата, но кога ја отвора кутијата, тој гледа дека некој ја украл наградата.
Наводи
Категорија:Филмови на чешки јазик Категорија:Чехословачки филмови Категорија:Филмови на Милош Форман Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови со Јозеф Шебанек Категорија:Филмови со Јан Вострчил Категорија:Филмови со Јозеф Валноха Категорија:Филмови со Јозеф Колб Категорија:Филмови со Франтишек Дебелка Категорија:Филмови со Милада Јежкова Категорија:Филмови со Јозеф Куталек Категорија:Филмови со Станислав Холубец Категорија:Филмови со Франтишек Паска Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Чешка Категорија:Филмови од 1968 година