Света Атанасиј — главна селска црква во демиркапиското село Прждево, Македонија.

Црквата се наоѓа на еден од благите ридови во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото на една височинка, со што црквата преовладува во самото село. Храмот е сместен во Горно Маало.

До црквата се стигнува преку земјен пат, кој започнува меѓу последните куќи во селото.

Историја

Црквата изградила во 1858 година, што е запишано во натпис на една мермерна плоча поставена на источната фасада. Била подигната на темели на постар храм, кој бил срушен од муслиманите при нивното населување во селото.

Архитектура

Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна, чии кораби се создадени преку два реда колони. Средишниот кораб повисоко се издига од страничните и сите три имаат рамни таваници украсени со обоени квадратни полиња. На источната страна од надвор црквата има нагласени три апсиди, од кои средишната е олтарната, а страничните две се од проскомидијата на северната и ѓаконикот на јужната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а има и спореден од северната.

Фрескоживопис

Црквата добила фрескоживопис во 1878 година, што може да се потврди од зографите со написот кој гласи „од рацете на браќата сликари Вангел, Никола и Коста Анастасович зографи од село Крушево во лето 1878 декември 14“.

Фрескоживописот е распореден во три зони и изобилува со сцени од стариот и новиот завет. Иконостасот го краси големиот крст со распетието Христово изработен во копаница со две ламји лево и десно од него.

Галерија

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Демиркаписка парохија Прждево

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Прждево Прждево