„Чудотворка“ (англиски: The Miracle Worker) — американски филм од 1962 година, во режија на Артур Пен (Arthur Penn) по сценариото на Вилијам Гибсон (William Gibson), засновано врз неговата истоимена драма од 1959 година. Главните улоги ги толкуваат: Ен Бенкрофт (Anne Bancroft), Пати Дјук (Patty Duke) и Виктор Џори (Victor Jory). Филмот имал пет номинации за „Оскар“, а освоил две: за најдобра глумица (Бенкрофт) и најдобра споредна глумица (Дјук), која на возраст од 16 години станала најмладата добитничка на „Оскар“.HRT, Čudotvorka, američki film (12) - Film tjedna (пристапено на 29.9.2021)

Синопсис Младата Хелен Келер (ја игра Дјук) е слепа и глува од детството како последица на тежок случај на шарлах. Таа е фрустрирана од својата неспособност за комуникација со луѓето и често предизвикува насилни и неконтролирани испади. Родителите не можат повеќе да излезат на крај со неа и бараат помош од училиштето за слепи лица „Перкинс“. Училиштето ја испраќа поранешната студентка, Ен Саливан (ја игра Бенкрофт) да ја подучува Хелен. Така, меѓу Ен и Хелен зпаочнува долга битка при што Ен со својата истрајност и тврдоглавост ги урива Хеленините ѕидови на тишината...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови засновани на драми Категорија:Филмови од 1962 година Категорија:Филмови на Артур Пен Категорија:Филмови со Ен Бенкрофт Категорија:Филмови со Пати Дјук Категорија:Филмови со Виктор Џори