„Обесете ги високо“ (англиски: Hang 'Em High) — американски филм од 1968 година, во режија на Тед Пост. Главните улоги ги толкуваат: Клинт Иствуд, Ингер Стивенс и Ед Бегли.
Синопсис Една банда од девет луѓе неправедно го обвинува Џед Купер (го игра Иствуд) за убиство и за кражба на стока. Тие го бесат на дрво и го оставаат да умре во маки. Но, Џед Купер успева да преживее, почнува да работи како шериф и тргнува во потрага по луѓето кои го обесиле со цел да ги изведе пред лицето на правдата...РТС, Обесите их без милости (пристапено на 25.9.2021)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Филмови на Тед Пост Категорија:Филмови со Ед Бегли Категорија:Филмови со Ингер Стивенс Категорија:Филмови со Клинт Иствуд