Пункова Скала () — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.974 м.
Се издига на главното планинско било, западно од врвот Конгур и источно од врвот Дебело Брдо. Има стрмни карпести падини, особено на јужната страна. Пункова Скала има две врвни точки, од кои западната е повисока. Сочинета е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. По билото поминува државната граница помеѓу Бугарија и Грција. Обележан е со граничната пирамида бр. 27.
На топографските карти врвот е погрешно обележан како Пунктова скала.BGtopoVJ • K-34-107-1 • Ливадия (Λιβαδιά)
Искачување Главниот приодни места за искачување на Пункова Скала се градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.
Поврзано Дебело Брдо (Беласица) Конгур
Наводи
Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Врвови на Беласица Категорија:Општина Петрич Категорија:Синтика Категорија:Бугарско-грчка граница