Лешнички Водопад () — водопад на Лешничка Река на планината Беласица во Петричко, Пиринска Македонија. Се наоѓа на околу 1,8 км југозападно од планинарскиот дом „Беласица“, на надморска висина од 680 м. Самиот водопад е висок 6,5 м.

Од планинарскиот дом до водопадот се стасува по тематската планинарска патека „Пријатели“ обележана со сино. Долж патеката се поставени 4 интерактивни модули со информации за 10 дрва на Беласица, нивно разликување по кората, шумите и нивните жители, како и тоа што даваат дрвата.

Поврзано Јаворнички Водопад

Наводи

Надворешни врски

Водопадите на Беласица Прошетка до Лешничкиот Водопад кај Петрич на планината Беласица

Категорија:Водопади во Пиринска Македонија Категорија:Општина Петрич Категорија:Беласица