Иван Тренков Николоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегувал од селско земјоделско семејство. По занимање бил работник. Како напреден младинец, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ, а во НОВ на Македонија стапил во летото 1943 година во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Потоа со Групата баталјони учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а во ноември 1943 година загинал при една акција кај местото Тајмишка Бука до селото Тајмиште.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ