Трновски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во близина на селото Будимирци, на местото на некогашното село Трново.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.
Конак Манастирскиот конак содржи пет соби за спиење, кујна и трпезарија за пречек на гости. Снабдувањето со електрична енергија се врши од агрегат.„Будимирци – мариовско село во прегратките на Ниџе планина“. Оф Роуд - Македонија. Со конакот стопанисува здружението „Трновчица - Будимирци“.„Трново “. Мој Роден Крај.
Црква „Свети Димитриј“
Црквата била изградена во 1860, но била разрушена во 1918, па била обновена во 2000 година. Градбата на црквата е мала еднокорабна со влез на западната страна и вдлабнат крст над влезната врата.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Будимирци Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија