Цари Врв (), наречен и Царев Врв (Царев връх), Голем Царев Врв (Голям Царев връх) или Алиботуш — врв на планината Славјанка (Али Ботуш) во јужна Пиринска Македонија. Висок е 2.183 м.

Се издига на највисокиот од второстепените ридови на планината, северно од главното планинско било и на североисток од првенецот Гоцев Врв. Има куполест облик со стрмни и лавиноопасни западни и источни падини. Врвот е сочинет од мермери. Покриен е со тенка кафеава шумска почва. Во ниските делови е обраснат со шуми од муника, а над 2.000 м.н.в. со високопланинска тревна растителност. Се наоѓа во рамките на резерватот „Али Ботуш“.

Искачување Главни приоди за искачување на врвот се планинарските домови „Славјанка“ (над с. Парил) и „Извора“ (над с. Петрово).

Поврзано Резерват Али Ботуш Гоцев Врв Шабран Царев Врв — истоимен врв во Осоговијата

Наводи

Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Славјанка