Грамадата — населба од доцноантичкото време. На 2 километри северно од месноста Могилка, на простор од околу 100 × 50 метри се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди. Откопани се и неколку питоси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бараица — населба од неолитското време и тумул од железното време; Белов Јурт — средновековна населба; Градиште — доцноантичко градиште; Грамадје — населба од доцноантичкото време; Ѓузелџе — старохристијанска црква; Ковачка Чука — средновековно градиште; Материца — градиште од доцноантичкото време; Могилка — могила од доцноантичкото време; Селото — средновековна населба; Увашлија — населба од железното време; и Црквиште — старохристијанска базилика.
Наводи
Категорија:Владимирово