Мус (на француски: mousse или во превод „пена“) — лесен за јадење десерт кој содржи воздушни меурчиња кои му даваат воздушеста текстура и сунѓерест изглед. Може да варира од светол и мек до кремаст и густ, во зависност од техниките на подготовка. Мусот може да има сладок или солен вкус."Mousse" . Food Network Food Encyclopedia. Retrieved February 21, 2017.

Слаткиот мус најчесто се прави од изматени белки или шлаг,Prosper Montagné, Larousse Gastronomique, 1961 (English translation of 1938 French edition), p. 630 и се додава чоколадо, кафе, карамела, пасирано овошје или разни тревки и зачини, како нане или ванила. Понекогаш во чоколадниот мус, се додаваат и жолчки кои се мешаат во претходно стопено чоколадо за да се добие помоќен вкус на финалниот производ. Мусот, се сервира како ладен десерт, а може да се користи и како фил за торта. Понекогаш се зацврснува со желатин.

Солениот мус може да се направи од месо, риба, морски плодови, паштета, сирење или зеленчук.

Наводи

Категорија:Храна Категорија:Слатки Категорија:Десерти Категорија:Галицизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ