Бренски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во месноста Брен во близина на селото Градешница.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма, помошен објект и трпезарии.
Конак Конакот на црквата бил изграден и осветен на 1 август 2000 година.
Чешма Манастирската чешма била изградена во 1919 година, а била обновена во 1990 година. На нејзино место се наоѓа извор којшто е познат по бистрата и лековита вода. Во врска со изворот се поврзани две верувања кај месното население. Според првото, водата од Брен не се носи дома. Според второто, со водата од изворот се снабдувала тврдината Пешта. Ова сознание го имале мештаните, но не и отоманските власти кои долго време не можеле да ја освојат тврдината, а тоа им успеало дури по откривањето на подземните канали преку кои тврдината се снабдувала со вода.„Извор – Манастир Св. Илија (Брен) во близина на с. Градешница “. Итар Пејо.„Манастир „Свети Илија“ – Брен, село Градешница“. Rural Adventure.
Црква „Свети Илија“
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на иконостасот којшто наместо икони содржи фрески.
Настани Во чест на благденот Илинден, на 1 и 2 август секоја година манастирот го посетуваат неколку илјади гости од целата област Мариово.„Градешница “. Мој Роден Крај.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Градешница Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија