Орловац или Рамниште — археолошко наоѓалиште кај селото Клечевце, Кумановско. Претставува тврдина од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1,5 км западно од селото и на 10 км источно од Куманово, на северозападните падини од ридот Орловац, кој се извишува околу 60 м над левиот брег на Пчиња.

Наоѓалиштето е „тумбарка“ на која се зачувани остатоци од одбранбен бедем граден од ситен камен. Бедемот затвора четвртеста основа. На секое ќоше има по една мала триаголна кула, а од надворешната страна на западниот ѕид остатоци од поголема четвртеста кула - набљудувачница.

Поврзано Јачински Пат — населба од римско време Калиште — населба од железно време Клечевце — осамен наод од римско време Црквиште — ранохристијанска базилика и римска бања

Наводи