Диме Коцевски (р. во ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер.

Животопис Завршил основно образование во своето родно место, а гимназиско образование во Кавадарци. Својата актерска кариера ја започнал уште во 1988 година на 11 годишна возраст, како актер во претставата „Две ведра вода” во театарот во Ваташа. Во својата актерска кариера реализирал повеќе од 30 улоги, од кои неколку главни.

Во поново време се занимава и со режија и до сега режирал 6 театарски претстави. Значајно е да се истакне дека Коцевски има два меѓународни сертификати од областа на театарот на имnровизацијата и clapstik театарот.

Во 2026 година, е водител на својот авторски поткаст „ВД каст" заедно со Видан Станоев. Поткастот е во продукција на РТК и КТВ Телевизија.

Филмографија Коцевски ги остварил филмските улоги: Година Филм Улога 1999 Каца ТВ-филм Келнер 2010 Македонски народни приказни ТВ-серија 2011-2012 Македонски стари приказни ТВ-серија 2013 Тиквешко востание ТВ-серија 2014 Женски итроштини ТВ-филм 2015-2017 Кавадаречки народни приказни ТВ-серија 2016-2017 Комшиски приказни ТВ-серија 2017-2019 Лакардиите на Паја ТВ-серија Нацо 2020-2024 Кавадаречки народни приказни ТВ-серија 2021-2024 Кавадаречки лакрдии ТВ-серија 2023 Фениксот од Кавадарци ТВ-филм

Театарски претстави Пакос во преображение, р. Јордан Витанов Госпоѓа Министерка, р. Душко Наумовски Дупло дно, р. Александар Малинков Седумка, љубов или смрт, р. Александар Малинков Хамлет од Долна Бошева, р. Јордан Витанов Бегалка, р. Александар Малинков Сомнително лице, р. Диме Коцевски Женидба, р. Драган Велјановски Лазо, р. Диме Коцевски Ленче Кумановче, р. Александар Малинков Викенд на мртовци, р. Милица Гочевска Од кол на кол, р. Диме Коцевски Стујардеси, р. Диме Коцевски Професионалец Пасивно пушење, р. Јордан Витанов Кец на десетка, Не се клади на енглези, р. Диме Коцевски Тетовирани души, р. Александар Малинков Не сега драга, р. Диме Боцев Како да (НЕ) снимиш мрсен филм, р. Диме Коцевски Кавадаречки пастуви, р. Диме Коцевски Смртта на еден човек на Балканот, р. Александар Малинков Тестостерон, р. Јордан Витанов

Награди Добитник е на значајни награди и признанија, меѓу кои:

Наградата за најуспешен млад актер (Највисоко општинско признание 7 Септември) Награда за најдобра главна улога во претставата „Хамлет од Долна Бошава” на фестивалот во Кочани. Награда за најдобар актер за улогата на ликот Атанас во претставата „Пасивно пушење“ на 11. фестивал „Репасаж“ во Уб, Србија (2018). Награда на фестивалот „ДАФ“ во Кочани, за најдобра режија за претставата „Не се клади на Енглези“ (2021)

Наводи

Категорија:Глумци од Кавадарци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски режисери