Коледа леда (или: Коледе леде) е една од најпознатите македонски коледарски песни. На Бадник, коледарите уште од рани зори одат од врата на врата, и ја пеат оваа песна најавувајќи го Христовото раѓање. За добрата вест, на коледарите им се даваат ореви, јаболка, костени, бонбони, смокви.
„Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, објавена во „Книжици за читање“ во Солун во 1893 година
Текст Коледе леде,
паднало греде,
утепало деде.
Деде се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца,
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ,
ќе колеме теле,
теле вика: - Леле
не колете мене,
ќе ви купам зелје,
да месите пита,
да јадете сите.
Коледеее...
Контроверзии Неколку епархии од Македонската Православна Црква апелираа до коледарите да се воздржат од пеење на „Коледа Леда“, затоа што во пресрет на големиот христијански празник „Божиќ“ треба да се пеат песни кои го опеваат Христовото рождество, а не песни кои имаат деструктивна содржина и не се ни најмалку предвесник на Божиќ.
Наводи
Категорија:Македонски народни песни Категорија:Коледарски песни Категорија:Обредни песни