Санде Стојанов Трајкоски (во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Поради тешките услови во селото, бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Пред војната, тој работел во Фабриката „Соко“. Членувал во УРС-овите синдикати и учествувал во еден штрајк организиран во Фабриката. По окупацијата, тој се вратил во своето село, а од пролетта 1942 година почнал организирано да работи за народно ослободителното движење, дури и сам правел кундаци за пушки. Како активен младинец, стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред во летото 1943 година и учествувал во повеќето дејствија на одредот. Во септември 1943 година, тој заминал со Мирко Милески на Буковиќ за одбрана на слободната територија каде загинал на 1 октомври 1943 година во борба против Германците и балистите.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Починати во Буковиќ (планина) Категорија:Учесници во НОБ