мини|Честитка со Крампус од почетокот на XX век Крампус (германски: Krampus, слов. Parkelj) — легендарно суштество во фолклорот на Алпскиот Регион; наречен „божиќен ѓавол“, придружник и во исто време антипод на Свети Никола. Се сметало дека Крампус бил дел од паганските обреди за краткодневицата. Според легендата, тој е син на Хел, нордискиот бог на подземјето. Со ширењето на христијанството, Крампус се поврзал со Божиќ — и покрај напорите на Римокатоличката црква да го забрани. Се вели дека суштеството и Свети Никола пристигнале вечерта на 5 декември (германски: Krampusnacht = „Ноќта на Крампус“). Додека Свети Никола ги наградува убавите деца и им остава подароци, Крампус ги тепа оние кои се непослушни со гранки и стапови. Во некои случаи, се вели дека ги јаде или ги носи во адот. На 6 декември (католицизам), Денот на Свети Никола, децата се будат за да ги најдат своите подароци или да ги залечат своите повреди.

Историја Крампус се споменува и во претхристијанскиот германски фолклор и бил поврзан со доаѓањето на зимата и намалувањето на дневните часови. Така, тој го олицетворил злиот дух на зимата. Самиот збор „Krampus“ доаѓа од старогерманскиот збор „krampen“, што значи „канџи“, или според друг извор, од баварскиот „Krampn“ — нешто мртво, исушено. Според некои особености, тој покажува сличности со сатирите од старогрчката митологија. Во претходниот период, особено за време на инквизицијата, Римокатоличката црква забранила прослави со пантомимичари на кои се прикажани роговидни суштества. Како и да е, традицијата на прикажување на Крампус била зачувана, и до XVII век, тој бил воспоставен во божиќните прослави како придружник на Свети Никола.

Во XX век, Австриската влада го обесхрабрила прикажувањето на Крампус. По Граѓанската војна во 1934 година, режимот на Долфус, по поттик на христијанските социјалисти и Татковинскиот фронт, вовел забрана за оваа традиција. Во 1950-тите, владата делела памфлети на тема: „Крампус е производ на злото“. Меѓутоа, до крајот на векот, имало реставрација на прославите со учество на Крампус, и сега оваа традиција останува популарна. Во исто време, во Австрија се одржала јавна расправија за допуштеноста на користење на сликата на Крампус за мали деца.

Обреди Ноќта меѓу 5 и 6 декември, Крампус го придружува Свети Никола, казнувајќи ги и заплашувајќи ги непослушните деца — со тоа делува како противтежа на Свети Никола — кој им дава подароци на добрите деца. Се верува дека кога Крампус ќе најде нерасположено дете, става јаглен под перницата или го става во чантата и го носи исплашеното дете во пештера, веројатно за да го јаде за божиќна вечера. Во постарите изданија на легендите, Крампус грабнува деца и ги носи во својот морничав замок, а потоа ги фрла во морето.

Вообичаено е да се прикаже Крампус во Австрија, Јужна Баварија, Унгарија, Словенија, Чешка, некои северни региони на Италија (Јужен Тирол) и Хрватска. Видот на ова суштество и неговото име се менуваат во зависност од областа. Како по правило, во Алпскиот Регион, Крампус е прикажан како роговидно и бушаво чудовиште слично на ѕвер со ѓаволски изглед. Традиционално, мажите се облекуваат во облека за Крампус во првата недела од декември, а особено во ноќта од 5 (германски: Krampusnacht = „Ноќта на Крампус“) до 6 декември (герм. Nikolotag = „Денот на Свети Никола“) и шетаат по улиците, плашејќи ги децата со ланци и ѕвонови. Крампус често се прикажува на посебни божиќни честитки (герм. Krampuskarten).

Крампус како тема во уметноста и во популарната култура

Филм

„Крампус“ — американски филм од 2015 година. „Крампус: Божиќниот ѓавол“ — американски филм од 2013 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Крампус Категорија:Легенди Категорија:Германски фолклор Категорија:Алпски фолклор Категорија:Австриски фолклор Категорија:Ѓаволи __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__