Даниел Канеман (, ; – ) — израелски и американски научник, психолог и економиста кој со своите истражувања има дадено значителен придонес во областа на когнитивната психологија, во истражувањата на човековото расудување, во психологијата на хедонизмот и економијата. Добитник е на Нобеловата награда за економија.

Заедно со Амос Тверски ги има дефинирано когнитивните пристрасности кои произлегуваат од начините на кои луѓето ги донесуваат одлуките.

Во 2011 година од страна на американскиот магазин Forbs Policy е именуван во списокот на најзначајни мислители на светот. Исто така, во текот на 2011 година ја издава и книгата „Размислување, брзо и бавно“ (назив на оригиналот: „Thinking, Fast and Slow“) во која, на научно-популарен начин се сумирани резултатите од неговите истражувања. Во 2015 година од страна на списанието The Economist Канеман е прогласен за седми најзначаен економист во светот.

Рана младост

Академска кариера Когнитивна психологија Канеман ја започнал својата академска кариера како предавач по психологија на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим во 1961 година. Тој бил унапреден во виш предавач во 1966 година. Неговата работа во овој период се фокусира на визуелната перцепција и вниманието. Во овој период, Канеман е гостин-научник на Универзитетот во Мичиген (1965–66) и на Applied Psychology Research Unit in Cambridge (1968/1969, во текот на летата). Тој бил соработник во Центарот за когнитивни студии и предавач по когнитивна психологија на Универзитетот Харвард во 1966/1967 година.

Расудување и одлучување Овој период го означува почетокот на долгата соработка на Канеман со Амос Тверски. Заедно, Канеман и Тверски објавуваат серија значајни статии на полето на расудување и одлучување, што кулминира со објавувањето на нивната перспективна теорија во 1979 година (Kahneman & Tversky, 1979). Нобеловата награда за економија во 2002 година ја добива токму за неговата работа на перспективна теорија.

Кенман ја напушта позицијата на Хебрејскиот универзитет во 1978 година. Истата година започнува да работи на Универзитетот на Британска Колумбија (во Канада).

Бихејвиорална економија Канеман и Тверски соработуваат во Центарот за напредни студии за бихејвиорални науки на Универзитетот Стенфорд во учебната 1977-1978 година. Надоврзувајќи се на теоријата на перспектива и делото на Канеман и Тверски, младиот економист Ричард Талер ја објавува статијата „Кон позитивна теорија на изборот на потрошувачите“ во 1980 година, труд кој Канеман го нарекува „базичен текст во економијата на однесувањето“ (види: Kahneman, 2003, стр. 438, во делот објавени книги).

Објавени книги

(рецензија на Фриман Дајсон in New York Review of Books, 22 December 2011, pp. 40–44.)

Литература

Категорија:Израелски психолози Категорија:Американски психолози Категорија:Американски нобеловци Категорија:Израелски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за економија Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките