алт=Брезов вргањ|мини|Брезов вргањ Брезов вргањ (лат: Leccinum scabrum) — јадлива печурка во семејството Boletaceae но порано била класифицирана како Boletus scaber. Брезов вргањ е широко распространета печурка во Европа, на Хималаите во Азија и на други места на северната полутопка а се јавува само во микороза со бреза. Расте од јуни до октомври. Оваа печурка, исто така, станува сè почеста во Австралија и Нов Зеланд каде што најверојатно е донесена.
Опис мини|Брезов вргањ со различна старост Шапката е 5-15 см широка. Отпрвин, таа е полутопкична а подоцна станува порамна. Кожата на шапката е кафеава обично со посветол раб; мазна е и сува.
Порите се белузлави на млада возраст, подоцна сиви. Кај постарите примероци, порите на трупот може да се испакнат, додека околу дршката изразено навлегуваат. Покривањето на порите лесно се отстранува од кожата на пилеусот.
Дршката е 5-15см. долга и од 1-3,5см широка, тенка, со бели и темни до црни флеки стеснети нагоре. Основниот мицелиум е бел.
Месото е белузлаво, понекогаш потемнува на допир. Кај младите примероци месото е релативно цврсто, но многу брзо станува сунѓересто и задржува вода, особено при дождливо време. Кога ќе се свари, брезовиот вргањ поцрнува.
Брезовиот вргањ е пронајден во асоцијација со украсни брези засадени надвор од неговиот опсег на живеалиште, како на пример во Калифорнија.
Живеалиште и распространетост Брезов вргањ е европски вид кој е забележан во различни области во светот, најчесто се појавува во урбаните средини. Во Нов Зеланд, се поврзува само со Betula pendula.
Јадливост Брезов вргањ може да се јаде, но некои водичи сметаат дека неговата вредност не е голема. Може да се кисели во саламура или со оцет. Се користи и во мешани јадења со печурки, пржени или на пареа. Најчесто се собира за исхрана во Финска и Русија.
Неколку извештаи во Северна Америка (Нова Англија и Карпестите Планини) по 2009 година сугерираат дека Брезов вргањ треба да се консумира само со голема претпазливост.
Слични видови Неколку различни видови на Leccinum печурки се наоѓаат во микориза со брези, и може да се помешаат од аматери и миколози. L.variicolor има синкаста шaпка. L.oxydabile има поцврсто, розово месо и различна структура на кожата на пилеусот. L.melaneum има потемна боја и има жолтеникави нијанси под кожата на пилеусот и шaпката. L.holopus е поблед и белузлав во сите делови.
Наводи
Надворешни врски
Pilzgalerie: Leccinum scabrum (Birkenpilz) . Категорија:Јадливи габи Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Габи на Македонија Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка