right|thumb|150px|Марсел Пруст Марсел Пруст (; , - , ) — француски романописец, критичар и есеист, најпознат како автор на монументалното прозно дело Во потрага по изгубеното време. Тој се смета од страна на критичарите и писателите за еден од највлијателните писатели од 20 век.Harold Bloom, Genius, pp. 191–224.
Животопис мини|лево|Куќата во Париз, во која живеел Пруст од 1907 до 1919 година. Марсел Пруст е роден на 10 јули 1871 година, во Отеј, југозападно предградие на Париз во кое многу богати луѓе имале вили за одмор. Татко му, Адриен Пруст (роден во 1834 година), бил прочуен лекар, католик по вероисповед, а по потекло од Илиер, место во околината на Шартр. Мајка му, Жана Клеманс Веј, родена во Париз, била 15 години помлада од својот сопруг, а потекнувала од богато еврејско банкарско семејство. Брачниот пар Пруст живеел на булеварот Малзерб, во Париз, а Марсел имал и помлад брат, Робер кој, исто како татко му, бил лекар.„Marsel Prust - Hronologija života i dela“ во: Marsel Prust, Jedna Svanova ljubav. Beograd: Laguna, 2017, стр. 283.Adrijana Marčetić, „Zaljubljeni Prust“ во: Marsel Prust, Jedna Svanova ljubav. Beograd: Laguna, 2017, стр. 12.
На деветгодишна возраст, на враќање од една прошетка по Булоњската шума, малот Марсел го фатил астматичен грч, а тие ужасни напади траеле целиот живот и веројатно придонеле за неговата прерана смрт. Како последица на болеста, малиот Пруст бил страстен читател и за време на летните месеци, во куќата за одмор на својто дедо, во околината на Париз, тој имал обичај по ручекот да се повлече во библиотеката и со часови да чита. Неговите омилени книги од овој период биле делата на Жил Верн, „Авантурите на Артур Гордон Пим“ на Едгар Алан По, „Капетан Фракас“ на Теофил Готје и „Приказна за белиот кос“ на Алфред де Мисе. Подоцна, ова читателско искуство го опишал во познатиот есеј „За читањето“ (1905), но и во првиот дел на романот „Во Свановиот крај“ во кој се раскажува за детето Марсел кое сака да стане писател. Од 1882 до 1889 година, Марсел Пруст се школувал во лицејот Кондорсе, една од најдобрите париски гимназии, каде едвај се извлекол на испитот по математика, но се истакнал во областа на историјата и книжевноста. Така, на возраст од 13 години напишал есеј за разурнувањето на Картагина во кој го формулирал својот уметнички кредо - дека поезијата и животот се две различни стварности. Пролетта 1888 година, Марсел Пруст се вљубил во својот другар од гимназијата Жак Бизе, синот на композиторот Жорж Бизе, а својата љубов му ја изразил во три страсни писма. Исплашена од наклонетоста на синот, мајка му на Марсел му забранила на Жак Бизе да го посетува Марсел, а потоа почнала долга (неуспешна) борба да го промени својот син и да го натера да се дружи со девојки. Истовремено со љубовта кон Жак, Пруст почнал да ја обожува и неговата мајка, Женевјева Бизе, а оваа случка подоцна ја опишал во романот „Во сенката на девојките во цветот“ во која Марсел е вљубен во Жилберта Сван и во нејзината мајка Одета. Женевјева Бизе, пак, му послужила на Пруст како прототип за ликот на Оријана, војвотката од Германт која во „Една Сванова љубов“ се појавува како принцезата Де Лом. По смртта на Жорж Бизе, Женевјева се омажила за богатиот адвокат Емил Штраус и станала сопственичка на еден од најугледните париски уметнички салони, чиј чест посетител бил и младиот Пруст. Исто така, тој ги посетувал и салоните на принцезата Матилда, внука на Наполеон I, како и салонот на сопругата на Алфонс Доде во кој ги запознал Мопасан, Анатол Франс и Едмон де Гонкур. Во ова време, гимназијалецот Пруст интензивно ги следел уметничките настани - ги посетувал изложбите и театарските претстави, а многу ги читал Монтењ, Корнеј, Расин, Флобер, Бодлер, Балзак и Жерар де Нервал.Adrijana Marčetić, „Zaljubljeni Prust“ во: Marsel Prust, Jedna Svanova ljubav. Beograd: Laguna, 2017, стр. 12-14.
По завршувањето на гимназијата, во 1889 година, Пруст доброволно се пријавил за отслужување на воениот рок во пешадискиот полк во Орлеан, но поради ноќните напади на астма и силната кашлица, добил дозвола да се пресели во приватен пансион. Таму, Пруст учел мечување, вежбал гимнастика и ги подучувал младите војници, а за време на викендите одел во Париз или бил гостин на вечерите што ги приредувале постарите офицери во Орлеан. Есента 1890, Пруст се запишал на студиите по дипломатија на Факултетот за политички науки, а следната година започнал да студира право на Сорбона, но набргу ги прекинал студиите и остатокот од животот го посветил на социјалниот живот и на пишувањето. Под влијание на идеите на британскиот философ Џон Раскин, од 1900 до 1902 година, Пруст презел и неколку „раскиновски аџилаци“, патувајќи во Венеција, Холандија и Франција. Во септември 1905 година, Пруст претрпел голем удар, зашто умрела неговата мајка, а во текот на следните две години, повремено пишувал за весникот „Фигаро“ и со автомобил патувал низ Нормандија, во друштво на Алфред Агостинли, неговиот шофер, секретар и љубовник, кој му послужил како модел за ликот на Албертина во романот „Во потрага по изгубеното време“. На почетокот од 1913 година, Агостинели го напуштил Пруст, а потоа погинал во авионска несреќа. Пруст умрел на 18 ноември 1922 година.„Marsel Prust - Hronologija života i dela“ во: Marsel Prust, Jedna Svanova ljubav. Beograd: Laguna, 2017, стр. 283-285.Adrijana Marčetić, „Zaljubljeni Prust“ во: Marsel Prust, Jedna Svanova ljubav. Beograd: Laguna, 2017, стр. 14-15.Adrijana Marčetić, „Zaljubljeni Prust“ во: Marsel Prust, Jedna Svanova ljubav. Beograd: Laguna, 2017, стр. 25.
Болеста и нејзините последици Како последица на болеста, од неговата деветта година, на Пруст му биле забранети речиси сите активности: патувањата, веселите игри, живоста, лудувањето, сè што се нарекува детство. На тој начин, уште од раното детство, тој станал набљудувач со истанчени чувства, со нежни нерви, лесно ранлив, суштество со неверојатна раздразливост на нервите и сетилата. Страсно ја сакал природата, но само ретко смеел да ја гледа и тоа никогаш во пролет: тогаш поленовиот прав и цутењето на природата премногу болно му ги боделе воспалените органи. Многу ги сакал цвеќињата, но не смеел да им се приближи. Дури и кога некој пријател ќе влезел во собата со каранфил на реверот, Марсел морал да го замоли да го тргне цветот, а посетата на некој салон во кој врз масите стоеле букети, со денови го врзува за постела. Затоа, понекогаш излегувал во затворена кола во природа, за да ги гледа, зад застаклените прозорци, саканите бои и миризливите цветови. За да го надомести тој недостаток, Марсел Пруст се снабдувал со многу книги книги, за да чита за патувањата, за пределите до кои никогаш не стигнал. Еднаш ја посетил Венеција, а неколкупати отишол на море, но секое од тие патувања го исцрпувало. Затоа, речиси наполно се затворил во Париз. Дотолку поделикатно станало неговото забележување на сè што е човечко. Тонот на некаков разговор, шнолата во косата на некоја жена, начинот на кој некој седнува на масата или станува од неа, сите најфини украси на општествениот живот се задржувале со неспоредлива цврстина во неговото сеќавање. Неговото секогаш будно око помеѓу две трепкања ги фаќал и најситните подробности, сите врски, пресврти, серпентини и застои во некој разговор му се ѕунеле во ушите природно, со сите трепети. Затоа подоцна, во својот роман, разговорот со грофот Норпоа можел да го предаде на 150 страници, а во него да не пропушти ниту еден здив, ниту едно случајно движење, колебање и ниеден премин.Потребен е извор.
Животот во „високото општество“ Откако, поради неговото слабо здравје, пропаднале сите планови на неговите родители да му обезбедат дипломатска кариера, Пруст го трошел времето посетувајќи ги париските салони; до својата 37. година го живеел, всушност, најсмешниот, најглупавиот, најбесмислениот, безделнички живот што кога и да е го живеел некој голем уметник; се влечкал како сноб по сите приредби на „високото општество“ при што насекаде бил присутен, насекаде го примале. Цели петнаесет години, ноќ низ ноќ, речиси во секој салон, па дури и во најнедостапните, можел да се сретне тој нежен млад човек, секогаш полн со стравопочит спрема сè што е монденско, везден расприкажан, придворен, забавувајќи се или досадувајќи се. Насекаде виси во некое ќоше, се приклучува во некаков разговор, а за чудо и високата аристократија од предградието Сен-Жермен го трпи непознатиот натрапник; всушност, тоа му било и најголемиот успех во животот. Зашто, надворешно, младиот Марсел Пруст немал никакви квалитети. Не бил особено убав, ниту особено елегантен и не бил од благородна лоза. Не го легитимирале ни неговите литерарни заслуги, зашто неговото дело „Les plaisirs et les jeux“, и покрај услужливиот предговор на Анатол Франс, немало ни тежина ниту пак успех. Она што го правело да биде омилен била само неговата дарежливост: ги опсипувал сите жени со скапоцени цвеќиња, а сите познати со неочекувани подароци, а во хотелот „Риц“ бил прочуен со своите приеми и фантастичните бакшиши. Неговите приеми биле фантастично расипнички чуда: од најразлични градски дуќани му ги носеле сите моќни специјалитети - грозјето му го праќале од еден дуќан на Рив Гош, пилињата од Карлтон, раното овошје од Ница. На тој начин, со учтивост и услужливост, тој непрекинато го обврзувал и задолжувал „tout Paris“, без самиот да побара нешто за себе.
Но, она што него во тоа општество го легитимирало повеќе одошто неговите пари, кои со задоволство, расипнички ги расфрлал, била неговата речиси болна стравопочит пред ритуалите на тој свет, неговото ропско обожување на етикетата, нечуеното значење што му го придавал на сето она монденско, на сите лудории на модата. Како свето писмо го почитувал непишаниот „Кортеџано“ на аристократските обичаи: со денови го мачел проблемот на распоредот на масата, зошто принцезата Џ. го ставила грофот Л. на долниот крај од масата, а баронот Р. на горниот. Секој и најмал трач, и најбезначаен скандал, го возбудувал како катастрофа што го потресува светот, и по петнаесетина луѓе распрашувал за да дознае што претставува тајниот поредок во редоследот на приемите кај кнегињата М., или зошто една друга аристократка го примила господин Ф. во својата ложа. А преку таа страст, преку тоа сериозно сфаќање на дребулии, што подоцна ќе завладее и со неговите книги, и самиот се здобил со ранг на церемониал-мајстор среде тој смешен, несериозен свет. Така, еден голем дух, една од најсилните фигури на нашата епоха, цели петнаесет години водел толку бесмислен живот среде безделничари, дење лежејќи в постела исцрпен и трескав, навечер итајќи во фрак од едно до друго друштво, безумно трошејќи си го времето на приеми, писма и забави, како најизлишен човек во тој дневен танц на суетата; насекаде радо виден, никаде вистински забележан, всушност, само еден фрак и една бела врска помеѓу другите фракови и белите врски.
Само една единствена црта го разликувала од другите. Секоја вечер, кога си одел дома и си легнувал в постела, неспособен да спие, тој пишувал, лист по лист, полни со забелешки за она што го набљудувал, видел и чул. Тоа постепено се претворило во цели купишта записи, што тој ги чувал во големи папки. И како што Сен Симон, навидум површен дворјанин на кралскиот двор, кришум станал сликар и судија на цела една епоха, така и Марсел Пруст секоја вечер правел попис на сето она што било ништожно и површно во „tout Paris“, ставајќи ги своите мисли во записи, белешки и обмислени скици, за можеби еднаш ефемерното да го вообличи како трајно.