Липово Езеро — вештачко езеро во близина на неготинското село Липа, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.

Местоположба

Акумулацијата се наоѓа непосредно до селото Липа.

Историја

Браната била подигната од некогашната земјоделска задруга во селото.

Во 2013 година бил пробиен дел од браната на езерото и постоела опасност целосно да се сруши. Пробивањето се случило поради поројни дождови. Во текот на истата година, браната на езерото била санирана.

Во март 2022 година, браната повторно била во опасност да се сруши, бидејќи реконструкцијата на насипот не била изведена правилно.

Галерија

Поврзано Липа (село)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Липа (село) Категорија:Вештачки езера во Македонија