мини|246x246пискел|Ваганска пештера Ваганска пештера е пештера на 20 km од Шипово, во Република Српска, БиХ. Се наоѓа во североисточниот дел на планината Виторог, над селото Ваган, на надморска височина од 920 m. Пештерата е од крашко потекло изградена од мезозички варовник. Долго им служела на очарите како засолниште од временските непогоди, но во последните години станала интересантна поради туризмот. По концентрација на сталактити и сталагмити, таа е една од најзначајните подземни објекти во Република Српска. До сега се истражени околу 420 m од пештерата. Ваганска пештера е живеалиште на ретки видови на лилјаци, а под заштита е од 1970 година. Оваа пештера е под заштита на Заводот за заштита на културно историско и природно наследство на Република Српска, и спаѓа во природно добро од I категорија.
Поврзано Пештери во Република Српска Заводот за заштита на културно историското и природното наследство на Република Српска Наводи
Извори Завод за заштиту културно историјског и природног насљеђа Републике Српске: Заштита спелеолошких објеката Републике Српске
Надворешни врски Приједлог за стављање под заштиту као природног добра од изузетног значаја, Републички завод за заштиту културно-историјског и природног насљеђа, Бања Лука, 2008,
Категорија:Јањ Категорија:Општина Шипово Категорија:Пештери во Република Српска Категорија:Природни добра во Република Српска