Манастириште — археолошко наоѓалиште во охридското село Свиништа. Претставува црква од раниот средниот век.

На 3 км јужно од селото по површините на нивите се среќаваат остатоци од градба. Просторот е раскопуван од диви копачи при што е откриен ѕид со правец исток-запад, граден од покрупни камења и од поситни плочести камења врзувани со варов малтер. Зачуван е во височина од 1,10 м и е широк 0,70-0,80 м.

По површината се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди и обработен бигор.

Поврзано Дабје — средновековна црква Долиште — населба и топилница од доцноантичко време Пирчишта — населба од неолитот и средновековна тврдина

Наводи