Света Гора — археолошко наоѓалиште кај градот Богданци. Претставува населба со некропола од доцната антика и базилика од старохристијанско време.
На 2 км северозападно од селото, лево од патот Гевгелија - Богданци, во нивата на И. Прчев и Р. Кркалачев се гледаат остатоци од ѕидови so кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси. Наодите укажуваат на постоење на старохристијанска базилика, како и на поголема некропола.
Поврзано Барданов Камен — населба од римско време Тумба — некропола од доцноантичкото време
Наводи